Семинар: Квантна Енергетска Заштита
Вчера во рамки на ELAN Центар за терапија и едукација се одржа уникатен семинар со М-р. Константин Кајшаров на тема Квантна Енергетска Заштита – и можеме да кажеме само едно: време исполнето со знаење, вера и силно присуство. Салата беше преполна, интересот огромен, а учесниците со отворени срца примија корисни информации, засновани на библиски принципи и практични насоки за секојдневниот живот.
Се зборуваше за мудро користење на ресурсите што Бог ни ги дал, за молитва, вера и духовна одговорност. Преку симболиката и примената на сол и масло, учесниците разбраа за благослов и заштита врз себе, своите семејства, домови, работа, возила и финансии. Најубаво од сè беше што многумина доживеаја ново разбирање дека Божјите принципи не се далечни и недостижни, туку едноставни, достапни и применливи кога се живеат со вера и љубов.
Благодарни сме на Бога за сите што присуствуваа и беа дел од овој посебен настан. Сега останува секој да го примени наученото, да делува со љубов, молитва и вера во Името на Господ Исус Христос, носејќи светлина и промена таму каде што е поставен.
