Живеј духовно не религиозно!

Бог ми рече: „Има многу храмови, но празни се, потребни се живи Храмови, Живо Христијанство.“ Моја Мисија.

БИОГРАФИЈА

КОНСТАНТИН КАЈШАРОВ

Магистер по Кинезитерапија (Физиотерапија)

Магистер по Клиничка и Советодавна Психологија

Основач, Терапевт и Едукатор во ЕЛАН - Центар за Терапија и Едукација

Епископ, Пастор и Лидер на Славење во Христијанска Црква Блага Вест во Република Македонија

Автор на повеќе од 40 книги, композитор и интерпретатор на 15 музички албуми

Среќен сопруг и татко на 4 деца

ТОЈ Е ПРОФЕСИОНАЛЕЦ

Психосоматските проблеми кај луѓето и нивно надминување биле основен поттик за Константин да се остручи како Магистер по Физиотерапија во специјалноста на Ортопедија – Травматологија и Геријатрија, а подоцна и како Магистер по Клиничка и Советодавна Психологија. Со своето 17 годишно работно искусутво како физиотерапевт, а надоградувајќи се со киропрактика, Константин осознава дека физичкото тело на човекот е мапа на складирани емоции и чувства, потиснати копнежи и преживеани трауми на душата. Ова е основа за Константин да применува терапевтско – советодавни апликации кои се надополнуваат и овозможуваат психофизичка добросостојба кај пациентите.

Како основач и менаџер на Центарот за терапија и едукација ЕЛАН, Константин со својот тим применува терапии кај коскено-мускулни заболувања, дископатии, искривувања на `рбетниот столб, дегенеративни заболувања, обеситас – дебелина, хронични заболувања, детоксификација и друго, преку мануелна терапија, комбинирани вежби и најсовремена апаратура од областа на физиотерапијата.

Во Елан се применува методот Емоционална Физиотерапија чиј основач е Константин Кајшаров и се карактеризира со ослободување на блокирани емоции коишто биле акумулирани и складирани на одредени места во телото на пациентот.

„Сите луѓе искусуваат емоции, но некои ги изразуваат, а други не. Емоциите кои се потиснуваат создаваат емоционален стрес кој се складира во одредени зони на физичкото тело кадешто создава задебелување на ткивото, блокирање на крвна и лимфна циркулација и таложење на метаболитни продукти.  Тоа е основна причина за ограничен обем на движење и ригидност на зглобовите, мускулен спазам и тензија на мускулите, дископатии и заболувања на ‘рбетниот столб, создавање на калцификати, дегенеративни и автоимуни заболувања, метаболитни, кардиоваскуларни и хронични заболувања и нарушувања на општата добросостојба.“ вели Константин Кајшаров.

Емоционалната Физиотерапија вклучува комбинации од терапевтски процедури кои овозможуваат холистичка регенерација во дух, душа и тело кај пациентот, а една од најбараните е Духовна Музикотерапија. За сите терапии, потребно е претходно закажување на термин на следниот телефон 075/560-789