- Во ЕЛАН – Центар за Терапија и Едукација, кадешто М-р. Константин Кајшаров заедно со својот тим применува терапевтско – советодавни апликации низ мануелна терапија, комбинирани вежби и физикални процедури со најсовремена апаратура. Во овие професионални услови тој воведува терапевтски метод кој е насочен кон коренот на заболувањата – Емоционална физиотерапија. Потиснатите емоции и емоционалниот стрес се складираат во физичкото тело на луѓето и предизвикуваат нарушувања на биомеханиката, физиологијата и психата кај луѓето. Ослободувањето на складираните емоции и оттргнувањето на невидливите бариери за психофизичка добросостојба се постигнува со Духовна Музикотерапија која е дел од Емоционалната Физиотерапија. Духовната Музикотерапија се одвива во група каде во позадина има звучни фрекфенции од музички инструменти и вокални изведби на Кајшаров низ кои се издигнува Божјото Име и се прославува Бог. Учесниците искусуваат силно охрабрување и целосно хармонизирање, внатрешно исцелување, воспоставување на мир и стабилност. Се препорачува како кај здрави луѓе, така и кај луѓе кои сакаат да ја подобрат концентрацијата и сонот, да ги исцелат своите релации со други луѓе, да ги надминат траумите, безволноста и летаргијата, немирот, грижите и стравовите, да ја возобноват силата и да воспостават целосен мир и добросостојба. Учеството на овие процедури е со претходно закажување на термин во Центарот за Терапија и Едукација ЕЛАН на телефон 075/560-789
 - Во Христијанска Црква Блага Вест во РМ – Скопје, се овозможува духовно исцелување познато меѓу луѓето како Исцелителна служба или „Молитвена терапија“ според книгата на Пастор Константин Кајшаров. Ова духовно исцелување се одвива преку молитва во Името на Господ Исус Христос и се применува за ослободување од демони и демонски влијанија, растурање на маѓии, и разрешување од проклетства.
 
Духовното исцелување се одвива во групи пред или по завршување на Богослужби, семинари, конференции или други настани при ХЦ Блага Вест во РМ, како дел од исцелителна служба на истоимената Црква. Влезот и учеството на овие настани за ова исцелување се бесплатни, а се реализираат од страна на Пастор Константин Кајшаров и дел од тимот на Црквата. Сите информации за настаните при ХЦ Блага Вест во РМ можете да ги добиете на телефон 071/370-455
