АНАЗАО

“Емоциите кои се потиснуваат се складираат во физичкото тело, тие се причина за ригидност на зглобовите, тензија на мускулите, дископатии и заболувања на ‘рбетниот столб, создавање на калцификати, дегенеративни и автоимуни заболувања, метаболитни, кардиоваскуларни и хронични заболувања и нарушувања на општата добросостојба” вели Константин Кајшаров.

Психосоматските проблеми кај луѓето и нивно надминување се предмет на неговото истражување и основен поттик за да се остручи како Магистер по Физиотерапија во специјалноста на Ортопедија – Травматологија и Геријатрија, а подоцна и како Магистер по Клиничка и Советодавна Психологија. Константин со своето 17 годишно работно искусутво како физиотерапевт осознава дека физичкото тело е мапа на складирани емоции и чувства, потиснати копнежи и преживеани трауми на душата. Ова е основа за примена на терапевтско – советодавни апликации низ холистички концепт како симбиоза на духовни принципи со научни механизми кои ја сочинуваат програмата Аназао.

Аназао е грчки збор кој во превод значи враќање на животот и да се биде жив одново, претставува програма за обучување на терапевти за добросостојба. Oваа обука Константин Кајшаров ја реализира преку 2 семинари:

Аназао 1 – терапевтска практика која обработува:

  • Холистички пристап
  • Допирот како терапевтска алатка
  • Мануелни и апаратски третмани за благосостојба
  • Енергео вовед и практика

Аназао 2 – емоционална физиотерапија која обработува:

  • Емоционални мускулни контракции
  • Контактна неуромускулна дијагностика
  • Духовна сензорика
  • Елмасажа во Физиотерапијата