КОУЧИНГ – ТРЕНЕР

Вака зборуваат луѓето
“Толку многу давам и никој тоа како да не го цени, постојано имам проблем со луѓето и сум повреден.”
“Не се сеќавам кога имав мир, како да сум со роден со страв и негативни мисли,хиперактивност, тахикардија, и во грч, немам време за ништо.”
“Веќе не знам како да се поставам со колегите, како да не постои тимска работа, како да морам се јас да влечам.”
“Секој нареден понеделник си ветувам дека ќе почнам да се хранам здраво со некоја диета и ќе тренирам, но поминаа години.”
“Животот ми е хаос, толку многу ми недостига време со блиските, да имам хоби или да читам книга, само научив да глумам насмеано лице и да ги игнорирам домашните задолженија.”
“Не ми е интересно ништо, досадно ми е со пријателите, кога гледам филм заспивам, веќе заборавам и немам концентрација, готвам нешто на брзина, пијам цела рака витамини за да се одржам.”
“Живеам како во хотел, излегувам од дома, среќавам луѓе, јадам на улица, се враќам доцна, фрлам облека, спијам и другиот ден исто, кога ќе се средам веќе?”
“Чувствувам тежина и вина, се борам со носталгија и тага, не знам веќе дали се сакам себе си, не сум задоволен, изгледам дебело и старо.”

Можеби и ти ги имаш овие мисли и изјави, но не е доволно само човек да ги осознава своите ситуации во кои се наоѓа, потребно е да превземе иницијативи за да започне да живее во целосна благосостојба. Сигурно знаеш што е најдобро за себе, но тоа не значи дека го спроведуваш тоа, токму затоа потребно е да имаш соработка со некој кој не ти ја поткрепува ниту формира сликата дека си болен туку некој кој како пријател ќе те поддржи и мотивира во твоите цели.

Секој човек сака да се чувствува подобро, да живее подобро, да дејствува подобро за себе и останатите во опкружувањето, но современото време носи современи проблеми како недостаток на време и преангажираност, недостаток на енергија и виталност, недостаток на мир и инспиративност. Овие недостатоци влијаат врз животниот стил, здравјето, емоциите, релациите со луѓето, продуктивноста, смислата на постоењето или воопшто на целата благостостојба.

Луѓето не се чувствуваат радосни, слободни и сигурни кога се соочени со нарушен баланс и недостиг на благосостојба. Тогаш појавата на страв и нарушена самодоверба, несоница и главоболка, вишок килограми, истоштеност, промена во расположенијата или пак неодлучност, демотивираност и расеаност укажуваат на потребата од коучинг за благосостојба. Најчесто луѓето се обраќаат на коучинг за да подобрат еден или повеќе аспекти од својот живот преку подршка, совет, подготовка за превземање иницијативи, насочување и менторирање. Коучинг за благосостојба, советување и аназао терапиите на Кајшаров претставуваат уникатен холистички пристап кон клиентот, основан според искуството и стручната компетенција на м-р Константин Кајшаров.

Полиња на дејствување преку овој пристап кај клиентите се:

  • Откривање на потенцијалите,
  • Емоционален и духовен баланс,
  • Виталност и кондиција,
  • Животни цели и реализација,
  • Финансиска одговорност,
  • Комуникација и односи со луѓето,
  • Менаџмент на времето,
  • Инспиративност и благосостојба.