Обуки и терапии

Нестандардните манифестации со кои се карактеризира и пројавува влијанието на Кајшаров преку неговиот метод кон луѓето, предизвикува разни позитивни реакции. Овој метод ја вклучува молитвената терапија Енергео, инспиративното пеење за ослободување на срцето, менаџирањето на личната добросостојба и
многу други практични елементи кои оставаат силен печат врз оние кои пристапиле и искусиле дел од неговата работа.
Да се биде во здравје и хармонија, да се стане креативен, духовен, инспириран, да се манифестира скриениот потенцијал и дарбите е основен копнеж на Кајшаров во работата со своите клиенти. Но во неговата мисија тој има копнеж да го споделува знаењето и да екипира луѓе кои од жртви на негативни емоции, нарушени меѓучовечки односи, стресен, нездрав и нехармоничен живот, ќе
станат животни коучери, практиканти и терапевти на некои луѓе на кои им е потребна поддршка и помош. Мисијата на Кајшаров и неговиот метод ја создадоа визијата за програма на обучување во која ќе се одвиваат едукативни семинари и работилници за подобрување на квалитетот на животот. Со овие обуки учесниците можат да станат практиканти, коучери и терапевти за добросостојба.

  • Менаџмент на добросостојба, според методот Кајшаров;
  • Емоционална слобода, според методот Кајшаров;
  • Масажа за дух и тело, според методот Кајшаров;
  • Инспиративно пеење, според методот Кајшаров;
  • Трансформативна свест, според методот Кајшаров;
  • Енергео – молитвена терапија за внатрешно исцелување, според методот Кајшаров.