Консултации

1. Креирање на најдобрата верзија од себе

Човек да се почитува и љуби себе си не претставува егоцентричност, но можност да биде во мир со себе си и во синхрон со животните околности. Усвојувањето на концептот за развој на најдобрата верзија од себе си како цел на консултациите со м-р Кајшаров, овозможуваат реализација во животот на човекот, додека неодостатокот на истиот ја прави личноста неуверена, жртва, слаба и нереализирана.

2. Откривање на своите потенцијали

Секој човек носи своја специфичност, но потребно е да се тргнат бариерите за да се ослободи потенцијалот кој се потиснувал или пак не се осознал во текот на животот од самата личност. Ова е главна цел на овој тип консултации кој помага кај луѓе кои се соочуваат со дилемата дали се доволно талентирани за пеење или пак кога имаат трема од јавен настап, пречки при говор, тикови или потење на раце при возбуда и сл. Радоста и слободата се плод на креативноста која се изразува од слободниот дух, додека незадоволството и потиснатоста кај човекот се резултат на неизразените потенцијали и угнетеноста на духот на личноста.

3. Испитување и потврда за одредени ситуации

Некои луѓе имаат многу планови, разни идеи, различна перцепција за нештата, но кога во една личност се случува бура од спротивни ставови, мисли и емоции, се јавува потребата од објективно испитување и потврда за тоа што е најдобро решение или правец по кој личноста треба да зачекори. Многумина немаат пријатели со кои би се преиспитале, а други пак имаат многу пријатели, но не сакаат да им се дознаат внатрешните пориви, додека на трети им е потребно професионално мислење со холистички пристап кое ги прави овие консултации различни и практични.

4. Синхронзација со себе си
Луѓето живеат според одредени шаблони од цели, замисли и очекувања кои најчесто им се наметнати или несвесно прифатени. Затоа многу од нив се чувствуваат нецелосни, бидејќи научиле да ги исполнуваат туѓите наметнати желби за нивниот живот, кое ги довело до незадоволство и демотивираност. Таквата личност го губи вкусот на животот не осознавајќи кон што тежнее и во внатрешната растргнатост има потреба да научи како да се синхронизира себе си во единството на духот, душата и телото, кое е цел на овие консултации.