Кајшаров метод

Кајшаров метод е базиран според искуството и стручната компетенција на м-р Константин Кајшаров.

Соочен со разни ситуации, судбини и луѓе на кои им е потребно охрабрување, поддршка и помош, покрај стекнатото образование како Магистер по Кинезитерапија (Физиотерапија) специјализиран во Геријатрија со долгогодишно искуство, покрај доквалификациите како Магистер по Клиничка и Советодавна Психологија како и искуството како духовен ментор – Пастор, Константин Кајшаров добива поттик за основање на метод кој ќе овозможи практична примена како за самопомош така и за професионална реализација на
коучери и терапевти.
Методот на Кајшаров се карактеризира со холистички пристап кој го засегнува целиот човек во неговиот дух, душа и тело, почнувајќи од духот. Токму затоа Кајшаров вели дека позната теза: “Во здраво тело здрав дух,” треба да биде преформулирана: “ Во здрав дух, здраво тело”. И покрај тоа што методот е базиран на духовни принципи, неговото влијание е насочено и кон мисловниот процес на човекот, неговите емоционални состојби и неговата целокупна добросостојба.

Примената на методот Кајшаров овозможува:

  • јасно самоосознавање, прифаќање на сопствената личност како и поттик во личното надоградување;
  • хармонизирани меѓучовечки односи како во лична, така и во
    професионалната средина;
  • мотивација, тимска соработка како и колективна свест во извршување на заедничка визија,
  • продуктивност и стремеж кај човекот за целосна реализација.

Крајната цел на овој метод е да постигне животна трансформација, внатрешно исцелување и добросостојба кај луѓето кои сакаат да живеат поинаку. Ако физиотерапевтите се насочени кон подобрување на биомеханиката и кондициониот статус на физичкото тело кај човекот, психотерапевтите кон психичката состојба, тогаш практикантите на овој метод ќе дејствуваат врз духот на човекот односно неговото духовно срце. Методот на Кајшаров содржи
иновативни алатки кои се практикуваат во терапевтското и советодавното применување на методот.